ПРВО ОНЛАЈН СОВЕТУВАЛИШТЕ ЗА ДИЈАБЕТЕС

Здружение на Дијабетичари Општина Битола

Здружение на Дијабетичари Општина Битола
ОСНОВНИ ВИДОВИ ДИЈАБЕТЕС

Едукацијата е една од основните алатки во третманот на дијабетесот!

Постојат два основни видови дијабетес, и тоа ТИП 1 и ТИП 2. Дијабетесот тип 1 се карактеризира со апсолутен недостаток на инсулинска секреција од страна на панкреасот. Тоа доведува до брзо покачување на шеќерот во крвта поради што пациентот мора веднаш да се постави на инсулинска терапија. Добрата страна е што овој вид дијабетес се јавува кај помал дел од популацијата, но лошата страна е што се јавува кај младата популација, и тоа најчесто од 4 до 18 години, но понекогаш може да се појави и на возраст до 40 години.

Дијабетес тип 2 се јавува кај најголем дел од населението, и тоа кај повозрасната популација и кај популацијата со зголемена телесна тежина.Всушност, тука станува збор за инсулинска резистенција, односно инсулинот не се лачи доволно (намалена е инсулинската секреција) или не тогаш кога е потребен. Поради тоа, телото е принудено да лачи поголеми количества инсулин. Ако таа состојба трае подолго време, доаѓа до исцрпување на резервите од инсулин кај тие пациенти. Терапијата кај дијабетес тип 2 е следната:

✅ Промена на животниот стил

✅ Таблетарна терапија

✅ Инсулинска терапија

 

Основни насоки во исхраната при состојба на дијабетесот

Правилна исхрана

Исхраната претставува интегрален дел при третманот на дијабетесот.Ако пациентот се придржува кон препораките за правилна исхрана, тоа ќе придонесе за подобро регулирање на шеќерот во крвта

Протеини, Масти и Шеќери

Пациентите со сотојба на дијабетес треба да внесуваат протеини, масти и шеќери, но во соодветен сооднос.

Таблетарна терапија

Пациентите кои се на таблетарна терапија треба да имаат три главни оброци и две ужинки распределени во одреден временски термин

Инсулинска терапија

Пациентите кои се на инсулинска терапија треба да имаат три главни оброци и 3-4 ужинки со цел да се направи урамнотежување на нивото на шеќерот во крвта, односно да се спречат поголеми варијации на истиот.

Кето-диета

Кето-диетата за лицата со дијабетес не се препорачува поради нивните преосетливи бубрези.

Калории

Калорискиот внес на храната е различен. Кај пациенти со голема телесна тежина се препорачува 1300 ккал. Кај пациенти со добра телесна тежина се препорачува 1600 ккал. Кај пациенти со помала телесна тежина се препорачува 1800 ккал. Кај трудници се препорачува до 2000 ккал. Кај сите пациенти препораките треба да бидат следени од доктор.

ШТО Е ДИЈАБЕТЕС МЕЛИТУС ?

Дијабетес мелитус е хронично и доживотно заболување што се карактеризира со покачување на нивото на шеќерот во крвта, како резултат на апсолутен или релативен недостаток на инсулин. Инсулинот е хормон што се лачи во панкреасот, кој ја отклучува бравата на клетката за да може шеќерот да навлезе во неа и да биде искористен како гориво, односно енергија. Кога постои недостаток на инсулин, ова не може да се спроведе и доаѓа до покачување на шеќерот во крвта. Долгорочноста на покачен шеќер во крвта доведува до низа компликации како што се: мозочнен удар, инфаркт на миокардот, слепило, ампутации на потколеницата, прстот или стапалата.

Како се поставува дијагнозата за дијабетес мелитус? Поставувањето на дијагнозата на дијабетес мелитус се прави на неколку начини

Метод на орален тест за толеранција на гликоза

Метод на случаен избор на мерење шеќер во крвта

Утврдување тримесечен просек или гликолизиран хемоглобин A1 C

Контролата е многу важен дел од третманот на дијабетесот

Докторот го користи хемоглобинот A1C за да го види успехот на терапијата.

 

Во домашни услови треба да се врши мерење на шеќерот во крвта со помош на гликомери (глукометри).

 

Кај пациентите со дијабетес тип 2 се препорачува мерење до два пати во денот.

 

Кај пациентите со дијабетес тип 1 мерењето треба да биде и до седум пати за да се превенираат или да се коригираат хипер или хипогликемиите.

 

Исто така мерењето на шеќерот во крвта треба да биде почесто ако пациентот има некоја болест како инфекции, инфаркт,мозочен удар и сл