ПРВО ОНЛАЈН СОВЕТУВАЛИШТЕ ЗА ДИЈАБЕТЕС

Здружение на Дијабетичари Општина Битола

Здружение на Дијабетичари Општина Битола
ПРОФ Д-Р МИЛЧО БОГОЕВ, Скопје 2023 година

Дијабетична ретинопатија
(Retinopathia Diabetica)

За пациенти со Diabetes mellitus

 

-Акутни

кои се од метаболно тераписко потекло.

а) Кетоза,кетоацидоза и кома.

б)Хипогликемии и хипергликемиска кома

-Хронични

во кои спаѓаат промени на сите крвни садови и се специфични само за дијабетесот. Промените на крвните садови се делат на 2 големи групи,во зависност од големината на крвниот сад.

А) Микроваскуларни

во кои спаѓаат:

Дијабетичната ретинопатија

Дијабетината нефропатија

Дијабетична невтопатија

Б) Макроваскуларни

–кои ѓи опфаќаат големите крвни садови, почнувајки од мозокот, коронарните садови, садовите на нозете, (посебно потколеницата и стопалото),како и сите останати големи садови.

 

Дијабетична ретинопатија (Retinopathia Diabetica)

Промените на очните крвни садови ги зафакаат малите крвни садови на мрежницата (Retina) како и промена на макулата (Maculopathia). Со долго траење на дијабетесот, доколку е регулиран,настанува задебелување на крвните садови, со таложење на една специфична супстанца кај дијабетесот,што доведува до намалена пропустливост на крв низ органите. Со тоа садовите кои се многу мали и нежни, пукаат и крварат. Крварењето е во вид на точки. Заедно со излеаната крв,се излеваат и други супстанци од типот на белковини и масти. Вака оштетените садови,не можат да донесат крв на мрежницата,и на тој начин со тек на време,делови од видното поле неповратно се губат. Во последната фаза,промените се организираат со сврзно ткиво,што е неповратен процес,и доведува до слепило. Кои се причините за појава на Дијабетична ретинопатија?
-Долготрајно нерегулиран Дијабетес
-Висок и нерегулиран крвен притисок
-Високо ниво на крвните масти
-Пушење
-Зголемен очен притисок
-Бременост и дојабетес
-Времетраење на дијабетесот
Дијабетичната ретинопатија е најчеста причина за слепило,со оглед на раширеноста на болеста во светот и е причина број еден и пред глаукомот, За нејзината појава,и покрај се горенаведеното,потребно е и подолго време на траење на нерегулираниот дијабетес (обично над 5 години).
Дијабетичната ретинопатија се дели на :
-Непролиферативна
-Пролиферативна

Непролиферативната ретинопатија

во раните фази,може да се лекува,и да биде реверзибилна,доколку се регулира идеално или одлично дијабетесот и доколку се третира на време.

Пролоферативната фаза

е иреверзибилна,и води кон слепило.

Симптоми:


Обично се откриваат касно,бидејки се дискретни и бавно се развиваат,тука спаѓаат влошена видна острина,неплодност на делови од видното поле,нагол губиток на вид при крварење во ретината,посебно при оток на папилата на очниот нерв или промени во жолтата точка.


Превенција :


Рано откривање на дијабетесот,редовните контроли на гликемијата,крвниот притисок и мастите. Контрола кај офталмолог,најмалку еднаш годишно,за трудници со дијабетес на 3-6 месеци,потребна е контрола со раширени зеници и слика на ретината,кај офталмолог,специјализиран за дијабетична ретинопатија.

Терапија:


Од специјализиран офталмолог,со новите средства против пролиферација или ласерфотокоагулација.